Стручен настан: Од модел до резултат - како BIM ги менува процесите, улогите и резултатите во градежништвото

Едукација
Датум: 07 Мај 2026 11:00

Локација: Сала на Комора ОАИ

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со компанијата Baldinistudio International, Ве поканува на стручен настан посветен на примената на BIM методологијата во современото проектирање и градење.

Настанот со наслов: „Од модел до резултат - како BIM ги менува процесите, улогите и резултатите во градежништвото“ ќе се одржи на 7 мај 2026 година во 11:00 часот во Комора на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), Скопје

Теми кои ќе бидат опфатени:

  • Што е BIM методологија и што таа навистина подразбира
  • Клучни карактеристики на BIM пристапот во проектирањето и градењето
  • Нови работни позиции и нови професионални улоги што ги воведува BIM
  • BIM и продуктивноста на градежната индустрија
  • Финансиски ефекти од примената на BIM методологијата
  • Предизвици во имплементацијата на BIM во нашиот регион

Целта на настанот е преку стручно предавање и дискусија да обезбеди јасен увид во конкретните ефекти од примената на BIM методологијата, од организацијата на процесите и улогите во проектантските тимови до влијанието врз ефикасноста и резултатите во реализацијата на проектите.

Пријава:

Учеството на настанот потребно е да се потврди преку пријавна форма: линк за пријава [https://zfrmz.eu/GuqtnLtyZcAgI9Bgl3hs]

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.