Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), за информирање на деловните субјекти кои работат во областа на електрично осветление и електроенергетски постројки, организираат: ТЕМАТСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА на тема: НАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТИКА ([1]ИСРСМ ТК 31 и ИСРСМ ТК 32) – придобивки и практични примери
Тематската презентација ќе се одржи на 14.05.2026 година со почеток во 10 часот во просториите на КОАИ
Агенда:
|
10:00 |
Воведно обраќање |
|
10:20 |
Хармонизација на националната со европската стандардизација |
|
10:50 |
Примена на стандарди во електроенергетскиот сектор |
|
11:05 |
Примена на препораките од МКС EN 12193:2019 за изработка на софтверски модел наменет за димензионирање на систем за осветлување на спортски објекти Проф. д-р Васко Здравески, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје |
|
11:30 |
Примена на стандарди при проектирање на уред за заштита од прекин на неутралниот проводник Проф. д-р Јовица Вулетиќ, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје |
|
12:00 |
Дискусија со прашања и одговори |
|
12:30 |
Завршеток на работилницата |
[1] ИСРСМ ТК 31 – Електрично осветление, ИСРСМ ТК 32 – Електроенергетика и електроенергетски постројки