Презентација на дигитална градежна платформа ПТСПИ развиена од Еликософт (2)

Домашни
Датум: Четврток, 10 Декември 2020 18:00 - 19:00

Локација: ZOOM платформа

Дигиталната градежна платформа ПТСПИ  развиена од компанијата Еликософт е уникатна градежна платформа за дигитализација на комплетниот градежeн процес, почнувајќи од анализа на исплатливоста на идниот проект, преку проектирање и изведба, па сè до изведбениот гарантен период и одржување на објектот. Ова е овозможено со дигитализација на постоечкото градежно знаење и интеграција со постоечките BIM софтвери.

Иницијално развиена како WEB апликација во 2015 година, до сега, со континуираниот развој и иновативност, оваа платформа успеа да се развие во апликација којашто ги покрива сите фази од животниот тек на еден градежен објект, меѓу кои и изработката на комплетната градежна документација и е целосно интероперабилна со најновите BIM софтвери како што се Revit, Archicad, Tekla и други. Ова подразбира извлекување на информации (како што се: позиција, димензии, количини, материјали...) од една датотека, како и внес на информации (како што се: тек на изведба, коментари за решенија, измени во тек на градба, вишоци и непредвидени работи...) во истата унифицирана датотека, сето тоа во рамките на IFC стандардизацијата која ја следат сите BIM софтвери.

Начинот на којшто е развиена оваа софтверска платформа како веб апликација и нејзината веб интегрирана база, овозможува корисниците да имаат пристап до неа од која било локација со пристап до интернет, без разлика дали тоа е преку лаптоп, таблет или смартфон. Она што софтверската платформа за градежништво може дополнително да го понуди во иднина е целосна автоматизација на дел од градежните процеси преку BIM интеграцијата и интероперабилноста.

Линк за регистрација

Предавач

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.