Локација: Сала на Комора ОАИ
Ве известуваме дека на 13 октомври 2022 година во 13:00 часот, во просториите на Комората ќе се одржи презентација на Алуконигштал Schüco.
Презентацијата ќе биде на тема „Schüco Panorama Design-новиот начин на застаклување”.
Првиот дел ќе биде општа тема интересна за ахитекти-улогата на застаклувањето во модерната архитектура и краток вовед во проектирање на стаклени висечки фасади.
Во вториот дел ќе се претстават продукти од системите на Schüco, кои овозможуваат максимално застаклување со минимална видлива конструкција (линија „панорама дизајн”):
Презентацијата ќе ја спроведе Ивана Цимешиќ, Магистер по архитектура во Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија - „УАСГ”, Софија. Од 2018 година е дел од македонското претставништво на интернационалната фирма АЛУКОНИГШТАЛ, насочена кон модерните тенденции на фасадните конструкции.
Учесниците ќе се здобијат со сертификати за присуство и по завршување на презентацијата следува пригоден коктел.
Информации за настанот:
Дата и час: 13 октомври 2022 година, во 13:00 часот
Место на настанот: Сала за конференции во Комора ОАИ