Бизнис форум: Можности и предизвици за развој на приватниот сектор во услови на криза

Домашни
Датум: Четврток, 15 Декември 2022 09:30

Локација: Холидеј Ин

Бизнис форумот насловен „Можности и предизвици за развој на приватниот сектор во услови на криза“ ќе се одржи на 15.12.2022 во хотелот Холидеј Ин, со почеток од 9.30ч.  

Настанот е замислен како отворен дијалог помеѓу различни претставници од бизнис заедницата и клучните институции за бизнис поддршка во државата. Тие ќе имаат можност да ги разменат своите ставови и мислења околу механизмите за ефикасна поддршка во државата, но исто така и да слушнат за најновите мерки со кои регионот се справува со тековната економска и енергетска криза. На настанот ќе говорат економски експерти од Македонија, Хрватска и Србија, како и претставници од бизнис секторот со различни интервенции за справување со кризата од иновативен и технолошки аспект. Дел од дискусијата ќе биде поврзан со создавање нова квалификувана работна сила во областа на зелените инвестиции, како и растечките барања за дигитализација на работењето.

Во рамките на Панел сесијата: Технологија, иновации и стручна работна сила - Предуслов за закрепнување, развој на економијата и градење отпорност на кризи ќе учествува м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

 

Пријавувањето на линкот подолу:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeZGALruM9sFF_wK0hgt9QKzMA_2rVD_D2QYS8i4gjIEeP5qw/viewform?usp=sharing