„Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација

Домашни
Датум: Сабота, 03 Мај 2025 18:00 - 21:00

Локација: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид

Со задоволство Ве покануваме на настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација во организација на АРХРИД колектив со финансиска поддршка од Општина Охрид и Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ, во партнерство со TerraViva.

Организирањето на настан е со цел  да се одбележи јубилеј- 70 години од изградбата на објектот на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ под авторство на Борис Чипан како и презентација на конкурсните проекти од неодамна спроведениот интернационален архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“.

Сесрдната подршка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ во организирањето на настани е со цел афирмација на современото архитектонско творештво преточено на овој тематски настан преку ретроспективното согледување на значењето на вредното проектантско и публицистичко творештвото на Чипан како архитект и конзерватор.

Подршката при организирањето на настани со мултимедијален карактер за колегите архитекти се приоритет на КОАИ како професионално здружение на архитектите и инженерите со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.

 АГЕНДА за НАСТАНОТ „НАЧИНОТ НА ЧИПАН“ / вечерен настан/

Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид

17:45 18:00  Влез
18:00– 18:10 Поздравни обраќања 
18:10 –  Панел дискусија: 1955 г. : Архитектонското наследство како основа за современо проектирање
19:10 Изложба
19:40 Панел дискусија: 2025 г.: Што со модернистичкото наследство денес? Архитектонскиот конкурс како алатка
20:40 Изложба

*Влезот  за вечерниот настан „Начинот на Чипан“ е слободен а подетални информации можете да прочитате во  прилогот изготвен од тимот на АРХРИД