Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, заедно со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме повторно да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање, осмиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Како BIM го забрзува следниот бран на напредни дигитални технологии, Трајче Стојанов од ZWEI ќе ни го претстави на неговото предавање.
Настанот ќе се одржи на 30.10.2025 (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на работилницата:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:45 - Трајче Стојанов (ZWEI) |„Од BIM (Building Information Modeling) до CIM (City Information Modeling): како BIM го забрзува следниот бран на напредни дигитални технологии“
11:45-12:00 - прашања и одговори
Предавач: Трајче Стојанов (ZWEI)
BIM Консултант и Архитект во ZWEI, Autodesk Certified Instructor во Семос Едукација, со специјализација во полето на BIM, GeoBIM и дигитални градежни дозволи.