II СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- 14 процедури

Едукација
Датум: Среда, 20 Мај 2026 09:00 - 12:00

Локација: Хибриден настан

Почитувани колеги и регистрирани учесници,

Ве известуваме дека II-та Сесија од стручната обука на тема: „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017-  14 процедури“, ќе се одржи на 20 мај 2026 година, со почеток во 9 часот.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ), преку Одделението на градежни инженери, за активните членови на КОАИ овозможи стручна обука посветена на актуелни теми од областа на FIDIC услови на договори:

„FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: Дополнувања и појаснувања претставени во новите изданија на Црвената и Жолтата книга и разлики во управувањето при различни изданија на договори“

Обуката е наменета за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.

Целта на овој прв серијал обуки е унапредување на професионалните вештини во градежниот сектор преку практично разбирање и совладување на процедурите пропишани во меѓународните стандардни форми на договори за градење на објекти.

Предавач: Влатко Михајлов, дипл. град. инж.

Место на одржување: 

  • Со физичко присуство во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (ограничен број на учесници – 80 места)
  • Он-лајн, преку платформата Microsoft Teams (до сите регистрирани за он-лјан присуство ќе биде пратена порака ло линк за поврзување).

Програма на II СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 -  14 процедури

  • Временски периоди
  • Прогрес на работи
  • Грешки во Барањата Инвеститорот
  • Процедури при проектирање, изградба и завршеток на работите
  • Плаќања и др.

За новиот термин на одржување на I-вата одложена сесијата ќе бидете дополнително и навремено известени преку вашата е-пошта и официјалната веб-страница на Комората.

Воедно, би сакале да го истакнеме следново:

  • Обуките се наменети исклучиво за активните членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
  • Сите пријавени лица кои не се членови на Комората или се во статус на неактивни членови, ќе добијат посебно дополнително известување во врска со нивниот статус и можноста за следење на обуката.