Интернационална конференција EUROCK 2026

Меѓународни
Датум: Вторник, 15 Септември 2026 09:00 - Сабота, 19 Септември 2026 09:00

Локација: Скопје

Со особено задоволство го најавуваме еден од најзначајните претстојни настани за инженерската струка.

Друштвото за геотехника на Македонија, во соработка со Меѓународното друштво за механика на карпи, е организатор на престижната интернационална конференција EUROCK 2026.

Клучни информации за настанот:

  • Тема на конференцијата: Risk Management In Rock Engineering

  • Период на одржување: 15 – 19 септември 2026 година

  • Локација: Скопје

Оваа конференција претставува редок и исклучително значаен настан за членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како и за државата во целина. Настанот е предвиден и во годишната програма на активности преку Одделението за геотехника во Комората, со цел заедничко придонесување кон афирмацијата на нашата инженерска струка во интернационални рамки.

Ги покануваме сите колеги да ги резервираат овие датуми во своите календари. Повеќе детали околу агендата, котизациите и можностите за учество ќе бидат објавени дополнително.

Повеќе информации и регистрација