Формирање на работни групи за Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање

Домашни
Датум: Вторник, 19 Септември 2017 11:00 - 13:00

Локација: Комора на ОАИ - Сала за конференции

На 19 септември, во Комората ќе се одржи конститутивна средба на 40тина високи претставници од државни институции, водени од повеќе министри и генералниот секретар на Владата на Република Македонија. Целта на оваа конститутивна седница, која ќе ја води Директорот на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија, г-дин Борјанчо Мицевски, е формирање на работни групи кои ќе ги анализираат Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Настанот е од затворен тип, а учесниците ќе бидат директно поканети од страна на организаторот.

 

Телефон
+389 2 3222 356
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.