Повик за доставување апстракти за трудови на 3ти ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕРИ

Одделението на Електроинженери при Комора на овластени архитекти и овластени инженери упатува повик за доставување апстракти на трудови за потребите на стручниот настан „3-ти Денови на електроинженери“, кој ќе се одржи на 17 и 18 септември 2026 година во Скопје.

Повикот е отворен за сите кои ја покриваат областа на електротехниката и се заинтересирани да учествуваат на собирот како предавачи или автори на трудови.

За кандидатура е потребно да се достави Пријава на апстракт на труд со наслов, тема и краток текст, во форма која е дадена во прилог на овој повик.

Програмскиот одбор ќе ги разгледа доставените апстракти и ќе донесе одлука за нивната актуелност и прифаќање. По добиената потврда, авторите ќе пристапат кон подготовка на трудот во согласност со Упатството за подготовка на труд, кое исто така е приложено.

На третите денови на електроинженери ќе се обработуваат трудови од областите на проектирање, надзор или изведба на следните тематски целини:

  1. Електроенергетика
  2. Нисконапонски електрични инсталации во објекти
  3. Осветлување
  4. Обновливи извори на енергија - хидроелектрични, фотоволтаични централи, ветрогенератори и батериски системи
  5. Енергетска ефикасност и одржлив развој
  6. Паметни мрежи, микро мрежи, полначи на автомобили
  7. Квалитет на електрична енергија
  8. Информациски и напредни технологии
  9. ЕУ Проекти и фондови
  10. Законодавство

Сите прифатени трудови ќе бидат објавени во Зборник на трудови и/или презентирани на собирот преку предавање, за што конечна одлука ќе донесе Програмскиот одбор.

Важни рокови:

  • Пријавите на апстракти да се испратат најдоцна до 30 април 2026 година на следната е-пошта:
    • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Известување за прифаќање ќе биде доставено до 15 мај 2026 година.
  • Авторите чии апстракти ќе бидат прифатени имаат рок за доставување иницијални верзии на трудовите до 20 јуни 2026 година.

Во прилог:

  • Формулар за Пријава на апстракт на труд
  • Упатство за подготовка на труд

Доколку се препознавате во улога на предавач или автор на стручен труд и имате желба Вашиот труд да биде презентиран на Настан кој ќе ги собере колегите електроинженери на едно место, Ве охрабруваме да се пријавите на овој повик и со тоа да дадете личен придонес во понатамошниот развој на струката.

 

Со почит,

Одделение на електроинженери при КОАОИ
Мицко Чадиновски – Раководител на одделение
м-р Дарко Трајаноски – Претседател на Организационен одбор