Континуирана професионална едукација

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

ПРИМЕНА НА СОВРЕМЕНИ ТЕХНИКИ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА ХАЗАРДИ И РИЗИЦИ ВО ГЕОТЕХНИКАТА

Едукација
Датум: 10 Јун 2016 10:00 - 14:30

Локација: Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Семинарот е во организација на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ -
Скопје, а како коорганизатори се јавуваат и Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ) и Инженерската институција на Македонија (ИМИ).
Активностите се дел од годишната програма за работа на ДГМ и Одделението за геотехника при КОАОИ за 2016 година. На семинарот ќе се одржат тематски предавања од страна на истакнати истражувачи во оваа област, согласно агендата дадена во прилог. 
Ве известуваме дека за учество на семинарот, согласно на Правилникот на КОАОИ, ќе се доделуваат поени за континуирана професионална едукација. Учеството е со најава, заради што заинтересираните треба да се пријават на оваа е-адреса (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) најдоцна до среда, 08.6., но, пак, поради обезбедени средства од страна на традиционалните помагачи и поддржувачи на работата на ДГМ, истото е бесплатно.

Претседател на ДГМ,
Проф. д-р Милорад Јовановски

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.