×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

ПРЕСИНГ БР. 48

ПРЕСИНГ БР. 48

Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.48

ИНЖЕНЕРСТВО ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

Ова време на пандемија наложува да се приспособиме кон новото „нормално“ секојдневие. Тоа значи дека треба да изнајдеме начини како да живееме и да ги извршуваме нашите работни обврски, почитувајќи ги здравствените препораки. Соочени со овој предизвик, треба да делуваме превентивно.
Затоа од исклучително значење е примената на водилката за превенција од коронавирусот која ја изготви Македонското здружение за заштита при работа, наменета за работодавачите и вработените во секторот за градежништво и индустријата за градежни материјали. Треба да го практикуваме превентивното делување за побрзо надминување на состојбата. Последиците од пандемијата во однос на економијата се големи, па истите бележат сериозен пад во индустријата и трговијата.
Во градежништвото регистриран е висок раст на активноста. Тоа е значаен индикатор имајќи предвид дека во изминатиот период секторот градежништво беше носечки столб во економијата и главен двигател на бруто-домашниот производ, а сега може да биде и значаен фактор во нејзиното закрепнување.
Иако можеби работите загубија на интензитет во овие вонредни услови, сепак големите инфраструктурни проекти не запреа. Градежната сезона е во полн ек, а во наредниот период се очекува динамиката да забрза. Европските интеграциски процеси на нашата земја отвораат нови можности за конкретна финансиска поддршка од ЕБОР за сите развојни проекти. Градежните компании треба да ги искористат овие новосоздадени услови најдобро што може и да обезбедат поголем ангажман во наредниот период.
Не сакајќи да набројувам што сè е сторено, би навел дека останува да се донесе нов Закон за градење, да се имплементира веќе донесениот Закон за урбанистичко планирање и да се докомплетираат други одлуки, како и онаа за примената на еврокодовите или тарифникот за инженерски услуги.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери во изминатиот период изготви и достави предлог-тарифник за инженерски услуги за објекти од високоградбата, но уште позначајно, подготви и препораки за измени во Законот за градење. Со помош на Комората направен е превод и стручна ревизија на околу 5000 страници од еврокодовите кои го уредуваат проектирањето на градежните треба да ги поставиме и кон кои пред голем посилни конструкции, а како резултат Институтот за стандардизација на РС Македонија ги донесе сите 11 стандарди, како и 57 национални анекси кои ја уредуваат оваа област.
Без разлика на сè, пандемијата нè потсети каде приоритетите вредности треба да се стремиме.
Како општество и професија се наоѓаме предизвик од кој сум сигурен дека ќе излеземе.

 

Проф. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“

ПОСТОЈАН ЈАВЕН ПОВИК

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
3
4
5
6
7
8
9
10
11
13
14
15
16
20
21
22
23
24
25
27
28
29
30

Ценовник за инженерски услуги за високоградба

pdf icon

 Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]

pdf icon

 Преземи ценовник за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]

pdf icon

 Преземи ценовник со табели во боја

pdf icon

 Преземи Анекс на ценовник со табели во боја

Excel icon

 Преземи КАЛКУЛАТОР за ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата

За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.


pdf icon

 Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба

Број на посетители

Денес29
Овој месец23288
Вкупно од 1.9.20171237712

Комората е членка на Европскиот совет на инженерски комори

Комората е членка на Светската федерација на инженерски организации

ecce logo webace logo web