Одржана презентација: BIM примери од архитектонската пракса - моделирање, документација и соработка

Печати

01Во склоп на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери заедно со Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија на 13.10.2023 година (петок) во просториите на Комората, со почеток во 9:30 часот се одржа шесттото предавање од низата BIM активности за оваа година.
Присутните архитекти и инженери имаа ретка можност да слушнат директни искуства од колешката архитект Анастасија Спасовска, која на дневна основа низ нејзината работа активно е вклучена во моделирањето на информациски бази за проекти од деловната и општествената сфера. Спасовска е архитект со преку 7 годишно искуство во САД. Во Њујорк се бави со внатрешно уредување на проекти од деловен карактер додека последните 4 години соработува со архитектонското студио DFDG од Феникс, каде на различни позиции од дизајнер до тим координатор работи на проекти од образовен, деловен и општествен карактер. Мноштвото проекти ги има проследено од проектантска фаза сѐ до изведба. 

Темата на презентацијата беше насловена: „BIM примери од архитектонската пракса - моделирање, документација и соработка“. На почетокот Спасовска објасна дека сите проекти започнуваат со дигитален 3Д скен, кога се работи за постоечки објекти и дека предноста на БИМ методологијата е што во еден единствен модел се прикажуваат сите фази на објекот од неговото градење, адаптации, нови функционални предлози итн. „Сите решенија живеат во 3Д моделот, кои во секој момент можат да станат 2д цртежи“. Понатаму кажа дека предноста на Revit и Enscape е во изготвувањето на брзи и доволно реалистични рендери, корисни за комуникација со клиентите. Најчесто моделот постои на Cloud и сите инженери (фази) го користат во исто време и секоја измена на проектот ја добиваат како нотификација. Спасовска истакна дека најголемите придобивки од БИМ методологијата се: многу брзо тестирање на идеи, брза изработка на 2д документација и флексибилноста на тимовите преку симултаната работа. Во однос на прашањето за недостатоци на БИМ, таа одговори на овој начин се произведуваат мноштво на информации кои во понатамошните процеси можат да бидат излишни. На прашањето дали има законска облигација во Америка да мора проектите бидат изработени во БИМ, таа одговори дека се разликува од општина до општина. На крај претставникот од Смарт солушн г-дин Владимир Крстиќ, надополни дека во ЕУ дел од земјите имаат облигација за проектите да бидат изработени во БИМ но само кога се работи за големи проекти поврзани со големи буџети и ги покани присутните да учествуваат на следниот 7 настан кој повторно ќе се случи во Комората на 26 Октомври 2023 година. (линк за регистрација). Настанот се пренесуваше и на zoom платформата за поголема достапност на колегите архитекти и инженери.

Во продолжение фотогалерија од настанот

  • Click to enlarge image 01.png
  • Click to enlarge image DSC05999.JPG
  • Click to enlarge image DSC06000.JPG
  • Click to enlarge image DSC06001.JPG
  • Click to enlarge image DSC06002.JPG
  • Click to enlarge image DSC06003.JPG
  • Click to enlarge image DSC06004.JPG
  • Click to enlarge image ic_large_w900h600q100_memo-bim10-2023.jpg
  •  
01.png DSC05999.JPG DSC06000.JPG

DSC06001.JPG DSC06002.JPG DSC06003.JPG

DSC06004.JPG ic_large_w900h600q100_memo-bim10-2023.jpg