Ажурирање на податоци во Регистарот на членови на Комора ОАИ

Печати

komora logo novoВе известуваме дека Комората на овластени архитекти и овластени инженери спроведува процес на ажурирање на податоците во Регистарот на членови. Целта на оваа активност е да обезбедиме ажурирани и точни информации за сите наши членови, во согласност со законските обврски и потребите на Комората.

Љубезно Ве замолуваме да ги проверите и потврдите Вашите податоци, како и да доставите ажурирани информации во случај да е потребно.

Доколку податоците се точни и нема потреба од промена не е потребно да правите ништо, а доколку има промена тоа можете да го направите на следниве начини:

  1. Ако не сте регистрирани претходно, потребно е да се регистрирате на електронскиот Регистар на Комората на линкот https://clen.komoraoai.mk/ со емаил адресата на која ја добивте оваа порака и доколку има потреба од промена на податоците кликнете на копчето „Промени податоци“. Промената ќе биде валидирана од овластено лице во Комората.
  2. Во случај со емаил адресата на која ја добивте оваа порака да се регистрирани повеќе членови или од друга причина не сте во можност да се регистрирате, преземете и пополнете го формуларот за ажурирање на податоци (достапен овде) и прате скенирана потпишана копија на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за ажурирање на податоците: 30 јануари 2025 година.

Доколку имате прашања или Ви е потребна дополнителна помош, контактирајте го Координаторот на Вашето Одделение