Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Информација

fasada bitolaНа почетокот од месец јануари 2021 година, во Битола под влијание на силен ветер настанале одредени оштетувања на објекти како последица на нестручна изведба (одлепување на стиропорна фасада, рушење на кровен покривач). Според информациите на нашите колеги од Битола во конкретните случаи не биле ангажирани членови на Комората, и покрај тоа што согласно Законот за градење само носители на овластувања од Комората може да вршат проектирање, ревизија, изградба и надзор на градби.

Усвоен Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

sl.vesniki tarifnik urbНа предлог на Собранието на Комората ОИА, Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање беше доставен до Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, кое го одобри и го достави до Владата на РС Македонија.

Владата на својата седницата одржана на 12 јануари 2021 година даде согласност за Тарифникот и Одлука за истиот е објавена во Службен весник бр.8 од 12.01.2021 година.

Информација за повик за изработка на детални урбанистички планови

povik habitatВрз основа на потпишаниот меморандум за соработка со Хабитат Македонија ги информираме членовите на Комората од Одделението на урбанисти и планери за отворен повик за за доставување на понуда за изработка на детални урбанистички планови за дел од урбани блокови, во реонот на Генерален урбанистички план на град Велес. Повикот ќе биде отворен до 25 јануари 2021 година (понеделник).

Писмо од претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери до претседателката на Хрватската инженерска Комора

zemjotres hrvatska 12.2020