- Посети: 2219
Стручна дискусија на тема „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“
На 10 декември 2021 година, во неодамна реконструираниот Офицерски дом во Битола, се одржа панел дискусија во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на тема “Регулирањето на процесот на градење во градските јадра прогласени за споменички целини”.
Преку овој настан како прв од серијата на идни планирани активности, Комората ја започна својата соработка со ИКОМОС во Македонија, Националниот комитет на меѓународниот совет за споменици и локалитети. Пред почеток на стручниот дел на настанот, двете институции тоа го потврдија со потпишување на Меморандум за соработка.