Локација: Хотел „Александар Палас“ | Град: Skopje, Macedonia (FYROM)
Во рамките на континуираната професионална едукација на членството на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, продолжуваме со стручни сминари и во 2015 година. Едукацијата на инженерите со најновите и современи технологии е дел од стручното усовршување кое овој настан го покри во делот на СИСТЕМИ ЗА АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ЗГРАДИТЕ. Комбинацијата од системот ладење, греење и климатизација, заедно со осветлувањето придонесува за повеќе од 70% од потрошената енергија во многу згради. Имплементацијата во зградата, од дизајнот до пуштањето во употреба, треба да се изведе на начин со којшто се остварува оптимална заштеда на енергија.
Агендата на настанот беше микс од академско и практично предавање, што резултираше со една комплетна слика за системите за авотматизација на згради.