Локација: Градежен факултет | Град: Скопје, Македонија
Видео семинарот може да ги преземете на следниот линк: https://www.sendspace.com/file/psvvzv
Во рамките на програмските активности на Комората за имплементација на Еврокодовите во Република Македонија, организираме ВЕБ семинар за Еврокод 2, со реномирани странски предавачи.
Котизацијата за сите пријавени е покриена од страна на Комората.
ВЕБ семинарот е со тема „Проектирање на армирано-бетонски конструкции според Еврокод 2, EN 1991-1-1“
Датум на одржување: 16-ти септември 2015 година
Време на одржување: 17:00 часот
Локација: Градежен факултет, Скопје – Сала за состаноци
Иако се работи за веб семинар, согласно правилата на Европската Асоцијација на Комори, дадена ни е само една on-line врска, па сите заинтересирани треба да бидат на иста локација (не е можно индивидуално следење на семинарот).
Предавачи на ВЕБ семинарот ќе бидат Проф.д-р. Владимир Бенко од Словачка и Проф.д-р. Јарослав Халвоник од Словачка, а повеќе детали за семинарот има во прилог на овој емаил.
Семинарот е на англиски јазик.
Материјалите за веб семинарот може да се преземат на следниот линк