Локација: Факултетот за електротехника и информациски технологии | Град: Скопје, Македонија
Значењето на нанотехнологијата со посебен осврт кон електроиндустријата - Главни носители на развојот на нанотехнологијата претставува порастот на населението, желбата за квалитетен живот, зголемувањето на потрошувачката на енергија и вода како и потребата за поголема безбедност. Денес, повеќе од кога било, економија има потреба од примената на нова технологија и нови технолошки вештини. Годишен пораст на производите кои произлегуваат од примената на нанотехнологијата надминува 20%, а се очекува дека во следните пет години во светот ќе бидат отворени околу два милиони нови работни места за високо образован кадар.
Ветрогенераторски системи: можности и предизвици- ќе ги прикаже тенденциите на развој од техничко-технолошки, но и квантитативен аспект на искористувањето на енергијата на ветрот во последните неколку децении во светот, во Европа, во нашето опкружување и во Македонија, со посебен осврт на перспективите и можностите во нашата држава.Исто така, ќе бидат опфатени основните приоди кон планирањето и проектирањето на ветрогенераторските системи, како и работата на ВГС во автономни и мрежно поврзани системи.
Важноста на примената на водородот во електроиндистријата- Анализирана е важноста на водородот како енергетски извор. Опишани се неговите физички и технички карактеристики и накратко е даден преглед на начините за производство на водород. Посебен фокус е даден на неговото користење за добивање на електрична енергија преку електрохемиски процес во горивни ќелии.