Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери м-р Дејан Метикош и Раководителот на одделението за градежништво проф. д-р Маријана Лазаревска учествувуваа на состанокот на „Инженерската иницијатива за регионална соработка“ (IIRS), кој се одржа во организација на Инженерската комора на Србија. Главниот фокус на овој значаен регионален собир беше ставен врз дигитализацијата во областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирањето и изградбата.
Leggi tutto: Регионална соработка за дигитална иднина во инженерството
На 15.04.2026 во Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно се реализира стручен семинар за заштита на електрични мрежи во здравствени установи.
Компанијата BEKER d.o.o., во соработка со германската компанија Bender GmbH, успешно го реализираше стручниот семинар на тема „Проектирање на заштита на електрични мрежи во здравствени установи“, кој се одржа во просториите на Комората.
Семинарот привлече голем број професионалци од областа на електротехниката, вклучувајќи проектанти, инженери, изведувачи и експерти од здравствениот сектор, кои имаа можност да се запознаат со најновите меѓународни стандарди и практични решенија во оваа специфична област.
Leggi tutto: Стручно предавање: Проектирање на заштита на електрични мрежи во здравствени установи