- Visite: 79

Како резултат на продлабочувањето на соработката помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на 15.4.2026 година беше потпишан Меморандум за соработка, во присуство на претставници од двете институции. Комората ја претставуваа претседателот м-р Дејан Метикош, раководителот на Одделението на електротехника Мицко Чадиноски и заменик претседател на надзорен одбор Владимир Јованов, додека од страна на ФЕИТ присуствуваа деканот проф. д-р Владимир Атанасовски и продеканите проф. д-р Живко Коколански и д-р Димитар Димитров.
Leggi tutto: Потишан Меморандум за соработка помеѓу КОАИ и ФЕИТ
- Visite: 188
Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) успешно се реализираше настанот на тема „Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“.
Настанот беше организиран во рамките на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за негово подобрување во Град Скопје“, со цел да се понудат конкретни и одржливи решенија базирани на научни податоци за еден од најзначајните предизвици со кои се соочува главниот град.
- Visite: 221
Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа комерцијална презентација посветена на современите решенија за противпожарна заштита, во организација на BONPET.
Во услови на зголемени безбедносни барања и брз технолошки напредок, на презентацијата беше истакнато дека системите за рана детекција и гасење на пожар претставуваат клучен елемент во заштитата на објекти, опрема и, пред сѐ, човечки животи.
Целта на презентацијата беше да се прикажат најновите достигнувања, технологии и иновации кои имаат значајно влијание врз проектирањето и имплементацијата на ефикасни противпожарни системи.
Во рамки на настанот беа опфатени следните теми:
Leggi tutto: Комерцијална презентација посветена на современите решенија за противпожарна заштита
- Visite: 3264
Имавме особена чест во Комората на овластени архитекти и овластени инженери да се одржи стручно предавање од Проф. Џејмс „Џим“ Кар (James “Jim” Carr) кој е професор по Construction Management на „Donaghey College of Engineering and Information Technology“ при Универзитетот во Арканзас, Литл Рок.
- Стручно предавање: Проектирање и инженеринг на дигитализирани болнички објекти – нови стандарди и технологии
- Стручни предавања во Комората на овластени архитекти и овластени инженери од областа на проектен менаџмент во градежништвото
- Меморандумот за соработка помеѓу Машинскиот факултет – Скопје и Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ)




