Согласно новата Одлука на Управниот Одбор на Комората, од оваа година ќе се доделуваат пет именувани награди, со што се обезбедува порамномерна застапеност на сите одделенија и се поттикнува активноста на членството.
Наградите носат имиња по доајени препознаени во своите области на делување:
- Проф. д-р Борис Чипан, дипл.инж.арх.
- Проф. д-р Александар – Цане Ангелов, дипл.град.инж.
- Проф. д-р Илија Черепналковски, дипл.маш.инж.
- Проф. д-р Станимир Јовановски, дипл.ел.инж.
- Проф. д-р Миле Димитровски, дипл.маш.инж. – новата 5-та награда е воведена за да ги опфати и одделенијата со помал број членови.
Наградите имаат цел да ја поттикнат јавната афирмација на трајните вредности кои произлегуваат од делата и мислите на архитектите и инженерите, промовирајќи ја општествената улога на професијата и вреднувајќи ги нејзините достигнувања.
Критериуми за Номинација
За номинација, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да се докажани инженери, почитувани во стручната фела, припадници на соодветно матично одделение според именуваните награди.
- Да се активни членови на Комората во моментот на номинација.
- Да се струково активни во својата дејност во годината во која се кандидирани.
- Да не се членови на моменталниот состав на раководните тела и органи на Комората.
- Да достават до три најзначајни инженерски достигнувања во изминатите пет години.
- Номинацијата не може да биде самостојна – кандидатот треба да биде номиниран од друго лице.
Рок и Начин на Номинација
Рок за доставување номинации: 3 декември 2025 година.
Номинациите, заедно со потребната документација (кратка биографија и краток опис и графички додаток на најмногу три референци), треба да се испратат на е-маил адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..
Повикот за номинации се испраќа електронски до сите активни инженери од соодветните одделенија и се објавува на веб страната на Комората.
Документи за преземање:




