Во рамки на предавањето беа обработени повеќе значајни теми поврзани со анализата на постојани и корисни товари, товар од снег, крански греди, модуларни рамки, спрегови, просторни конструкции, врски и детали, како и препораки за избор на конструктивни системи и избегнување на конструктивни нерегуларности согласно барањата на Еврокодовите.
Настанот предизвика голем интерес кај членовите на Комората, а активната дискусија и размената на професионални искуства уште еднаш ја потврдија потребата од континуирана стручна едукација и усовршување на инженерската професија.
КОАИ останува посветена на организирање на стручни настани кои придонесуваат кон унапредување на знаењето, професионалниот развој на инженерите и примената на највисоките европски стандарди во инженерската практика.




