Презентација ќе овозможи запознавање со принципите на организација на градежништвото како дејност и особено на архитектонската струка во Велика Британија од аспект на образование, стручна обука, овластувања и стручно поврзување. Дополнително ќе се даде преглед на актуелните состојби во доменот на градежништвото и архитектонско проектирање вклучително со вообичаените модели за реализација на градежните проекти, одговорноста, надоместот за стручните услиги како и работните услови за вработените во доменот на архитектурата. Овие аспкети ќе се разгледаат низ призмата на континуираните промени во рамките на дејноста и пошироко, а како последица на локалните и глобалните процеси. Во рамките на презентацијата ќе се укаже и на стратегиските определби и насоки за надминување на последиците од глобаните климатски промени, а како одговор на прогласената вонредна состојба и обидот за очувување на системите коишто го подржуваат животот на Земјата.
Проф. д-р. Владимир Б Ладински, е регистриран архитект во Велика Британија со долгогодишно работно искуство во струката како во приватниот така и во јавниот сектор во доменот на образовни, културни, деловни, и специјализирани станбени објекти вклучително со адаптации и доградби на заштитени објекти од градителското наследство. Покрај стручната тој е вклучен и во наставно-научна дејност во доменот на одржливото проектирање. Проекти на коишто работел се добитници на повеќе награди и признанија во Велика Британија.
CALENDAR OF EVENTS
Mon | Tue | Wed | Thu | Fri | Sat | Sun |
---|---|---|---|---|---|---|
1
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
| |
8
|
9
|
10
|
11
|
12
|
13
|
14
|
15
|
16
|
17
|
18
|
19
|
20
|
21
|
22
|
23
|
24
|
25
|
26
|
27
|
28
|
29
|
30
|
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS