Информатор за активности на Комората

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

Монографија Инженерски прстен

MonografijaInzPrsten

 

 

 

 

 

 

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

Cert Logo DAS 9001 web

 

Меморандум со Македонска Национална Организација за Франшиза

Pin It

Средба со Македонската Франшизна АсоцијацијаНа 10 октомври 2018 година Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија оствари средба со претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инжинери на Република Македонија Проф.д-р Миле Димитровски. Претставниците на Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија, го запознаа претседателот на Комората за можностите за вмрежување со домашни и меѓународни организации и едукација на сите заинтересирани правни и физички лица за франшизата како поим и како средство за бизнис дејствување, а со цел воведување и промоција на домашни и странски франшизи.

Беше оценето дека наведените можности се во корелација со активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија за воспоставување на соработка со професионални организации и здруженија, овозможување на континуиран професионален развој на своите членови и развивање на професионалната етика.

Беше заклучено дека дека идната соработка треба да се формализира со потпишување на соодветен меморандум за соработка, која ќе резултира во интерес на заедничкото делување и реализација на цели од заеднички интерес.

Повеќе информации за Македонската Франшизна Асоцијација на www.makfran.mk