Врз основа на член 26-а од Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005, 103/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016 и член 21 од Статутот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Претседателот на Комората донесе Решение за именување на офицер за заштита на лични податоци со бр.00 од 2023 година, со кое Генералниот секретар на Комората, Александар Манчевски, е назначен за офицер за заштита на личните податоци за Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Задолженијата на офицерот за заштита на лични податоци произлегуваат од материјалниот Закон за заштита на лични податоци и од интерните акти на Комората.
- Преземи Решение за именување на офицер за заштита на лични податоци
- Политика за приватност
- Политика за користење колачиња