Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Настани во последна недела во месец октомври 2023

Pin It

последна недела во октомври 1Почитувани колеги, во есенските денови кои следат Комората ги интензивира своите професионални настани. Ве покануваме да присуствувате на целосно исполнета последна недела од месец октомври. Бидете дел од архитектите и инженерите кои први се информираат за новите изданија на книги, за тековните промени во законската регулатива и за современите материјали и методологии на работа.

  • вторник 24 октомври 2023 - Промоција на книгата „Современи системи за оптимална енергетска ефикасност на згради“ на проф. Д-р Петар Николовски (линк за регистрација)
  • среда 25 октомври 2023 - Стручно предавање за Техничка изолација Isover од Компанијата Saint-Gobain Isover (линк за регистрација)
  • четврток 26 октомври 2023 - Предавања „Дигитализација на АЕЦ индустријата“ и „Стратегии за BIM имплементација“ (линк за регистрација)
  • петок 27 Октомври 2023 - Обука за практична примена на Ценовникот за инженерски услуги наменета за Договорни органи (линк за регистрација)
  • сабота 28 октомври 2023 - Обука за практична примена на Ценовникот за инженерски услуги наменета за Даватели на инженерски услуги (линк - регистрацијата е затворена - поради голем интерес и ограничен капацитет на салата на Комората ќе биде овозможен он-лајн пренос на обуката)