Ислам Беркин од Македонија, кој живее и работи во Англија беше еден од гостите што учествуваа со презентација на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола.
Беркин повеќе од пет години е дел од тимот на Заха Хадид архитекти во Лондон, со активно учество во над 30 проекти и реализации. Своето професионално образование го завршил на Школата за архитектура, при Асоцијацијата на архитекти во Лондон. Тој е регистриран архитект од Одборот за регистрација на архитекти во Обединетото кралство (ARB) и овластен архитект од Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA).
Проф. д-р Огнен Марина, Декан на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, беше еден од високите гости кои се обратија пред стручната публика на вториот ден од Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола.
На почетокот Проф. д-р Огнен Марина истакна дека ваков вид на случување е извонреден начин каде може да се дискутираат клучни теми, кои ја определуваат сегашноста, но уште повеќе иднината на професијата и дека токму просторот во Офицерскиот дом во Битола е доказ за тоа колку архитектурата влијае на квалитетот на животот.