Проф. д-р Огнен Марина, Декан на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, беше еден од високите гости кои се обратија пред стручната публика на вториот ден од Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола.
На почетокот Проф. д-р Огнен Марина истакна дека ваков вид на случување е извонреден начин каде може да се дискутираат клучни теми, кои ја определуваат сегашноста, но уште повеќе иднината на професијата и дека токму просторот во Офицерскиот дом во Битола е доказ за тоа колку архитектурата влијае на квалитетот на животот.