- Посети: 318
Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во петок на 31.10.2025 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање октомвриска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт).