
Со особена чест, Одделението на машински инженери во рамките на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве поканува на првата годишна средба на професионалците во оваа област: „Денови на машински инженери“.
За овој прв настан, избравме амбиент што одговара на спојот меѓу традицијата и прецизноста – винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци.
Очекувајте ден исполнет со:
-
Стручни предавања од врвни инженери.
-
Увид во најновите технологии за чиста енергија и HVAC системи.
-
Презентации на инженерски иновации.
-
Извонредни можности за дружење, вмрежување и нови соработки.
📅 Вашиот термин за инженерство и вмрежување е резервиран:
-
Датум: 05 Јуни, 2026 година
-
Време: 10:00 часот
-
Локација: Винарија Тиквеш, Кавадарци
📌 Детали за конкретни говорници, целосна агенда и линк за регистрација ќе бидат објавени наскоро.






