×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Pin It

Kristinka Radevski

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
М-Р КРИСТИНКА РАДЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Мандат: 2021 - 2025

М-р Кристинка Радевски, родена битолчанка, работи живее во Скопје веќе 16 години. Архитектонскиот факултет го завршила на Универзитетот Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистерските студии ги завршува со цел стручна доквалификација и специјализација во струката, но на темата „Менаџирање со човечки капитал“.

Таа е архитект со повеќе од 28 години континуирано работно искуство и активен ангажман во сите фази на професијата. Специјалист во менаџирање на комлексни проекти, меѓународни проекти, инфраструктурни, јавни, станбени и административни згради, како и во областа на изградба на објекти од значење за државата, почнувајќи од проектирање, ревизија, надзор, изведба и следење на усогласеноста на процесите во градбата со националната легислатива. Нејзиниот долгогодишен професионален ангажман во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката го заокружува како директор на секторот за градба за цела Македонија. Пред стапување на функцијата Претседател на Комората, работела како специјалист за градба во тимот за имплементација на Проектот за локална и регионална конкурентност, финансиска операција на Европска Унија, Светска банка и Владата на РСМ за развој на туризмот во државата.

Во својот работен век имала прилика да даде активен придонес во работата на бројни стручни комисии, архитектонски конкурси и други стручни тела. Покрај тоа била ангажирана како советник за инвестициски активности на институции од значење за државата: Министерството за образование, Министерството за финансии, Министерството за култура, Министерството за одбрана и Министерството за здравство.

Повеќе од две децении е член на Асоцијација на архитекти на Македонија, а ако активен член во работењето на асоцијацијата била вклучена петнаесет години не само во битолскиот огранок, туку и во Управниот Одбор. Била член на Македонската делегација што учествувала во работата на Генералното Собрание на 23th World Congress of Architecture, UIA 2008 Turin, Italy и на 24th World Congress of Architecture, UIA 2011 Tokyo, Japan, најпрестижните светски настани од областа на архитектурата.

Во работата на Комората се вклучува од 2012 година со активно учество во работењето на нејзините одбори, комисии и тела. Во мандатниот период 2016 – 2021 е Претседател на Надзорниот одбор на Комората. Исто така е претставник на Комората во Одборот за доверба и соработка со јавност при Архитектонскиот факултет во Скопје.

Архитект - творец на убавото, но не само по вокација, туку и по убедување, филантроп, спортист, вљубеник во природата и долгогодишен подржувач на бројни добротворни акции, нејзините активности се евидентни и во областа на хуманитарно-општествени случувања. Активно учествува во хуманитарни спортски и други акции за помагање на лица со попреченост.

banner odluka1

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Број на посетители

Денес290
Овој месец8831
Вкупно од 1.9.2017599336

Комората е членка на Европскиот совет на инженерски комори

Комората е членка на Светската федерација на инженерски организации

Cert Logo DAS UKAS 9001 web