На 11 јуни 2026 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери, успешно ја реализираше II-та сесија од напредната стручна обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: Дополнувања и појаснувања претставени во новите изданија на Црвената и Жолтата книга и разлики во управувањето при различни изданија на договори“.








Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во рамките на својата заложба за поддршка на младите професионалци и унапредување на архитектонската и инженерската дејност, за првпат е покровител на наградата за најуспешен магистерски труд за учебната 2024/2025 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) со особена чест за првпат беше покровител на доделувањето на наградата „Најдобар дипломиран студент на Градежниот факултет – Скопје“ за академската 2025/2026 година, која ѝ беше врачена на Ангела Јовческа, од студентска програма по градежништво.
Вашето мислење е важно! Ве покануваме да одвоите само 10 минути за да учествувате во оваа анкета и да придонесете кон подобро разбирање на потребата од измени, дополнувања или донесување нов Закон за градење во Република Северна Македонија. Секој одговор е значаен и ќе помогне во создавање поквалитетни решенија засновани на реални искуства и ставови.
Одделението на машински инженери при Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија (КОАИ), на 5 јуни 2026 година, во уникатниот амбиент на винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци, ја организираше првата годишна средба „ДЕНОВИ НА МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ 2026“. Овој настан ги постави темелите на една нова, значајна традиција, креирана ексклузивно за и во чест на машинските инженери членови на Комората.




