- Посети: 29369
Информација за БИМАС 2023
Во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија од 14 до 29 септември 2023 година ќе се одржи Биеналето на македонската архитектура - БИМАС 2023.
Ја пренесуваме поканата од свеченото отворање кое ќе се одржи во четврток на 14 септември 2023 година со почеток во 20.00 часот во Националната галерија - МАЛА СТАНИЦА.Во продолжение на пораката Ви ја праќаме целокупната програма на годинешниот БИМАС.







Почитувани колеги,
Врз база на спроведената анкета и вашиот интерес за спроведување на обуки за примена на Еврокодовите, подготвен е распоред за месеците септември и октомври, за трите модули, односно за проектирање на бетонски к-ции во високоградбата, челични к-ции во високоградбата и геотехнички к-ции, за секој регион поодделно. Обуките за проектирање на бетонски и челични мостови ќе бидат најавени дополнително. Доколку за одредена обука бројот на пријавени е поголем од планираниот (20 до 25 слушатели), ќе биде формирана и дополнителна група. Минималниот број на слушатели за кој би се формирала група во одреден регион изнесува 10. Поради малиот интерес на колегите од Тетовскиот регион, обуките се пренасочени во Скопје.
Салонот на урбанизмот е традиционална манифестација која се одржува еднаш годишно во Ниш, Република Србија. Здружението на урбанисти на Србија прави осврт на најзначајните достигнувања од областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирање и реализација. Покрај учесниците на салонот од територијата на Република Србија, можат учествуваат архитекти и урбанисти од странство, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.




