- Посети: 5741
Промоција на „Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони”, од Проф д-р Петар Николовски.

На 18.09.2017 година во хотел Континентал беше промовирана книгата на Д-р Петар Николовски, „Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони” каде како издавач се јавува Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ. На промоцијата беа присутни и рецензентите на книгата проф.д-р Предраг Гавриловиќ од Скопје, проф. д-р инж. Димитар Назарски и проф. д-р инж. Пламен Чобанов од Софија. Поздравен говор на отварањето на настанот даде претседателот на Комората проф.д-р Миле Димитровски.







На ден 15.09.2017 година во Комората се одржа предавањето на тема „Вредност на инженерските услуги“ кое го одржа Дарко Јукич од Хрватската комора на градежните инженери. На предавањето присуствуваа околу 60 инженери од различни струки чиј интерес беше на високо ниво, што се покажа со дискусијата по завршеното предавање.
При неговата посета на новите простори на Комората, врачена му е благодарница на ТОМЕ ТРОМБЕВ (која му била доделена по повод 5 години од формирање на комората). Тој бил член на иницијативниот одбор, и учесник во формирањето на комората и во тоа време Претседател на комисијата за транспорт и врски во Собранието на Република Mакедонија.




