- Посети: 4953
Претседателот на Комората учествуваше во свеченото доделување на сертификати за акредитација
Со поздравно обраќање по повод светскиот ден на акредитацијата, претседателот на Комората учествуваше во свеченото доделување на сертификати за акредитација кои ги додели Институтот за акредитација на Република Македонија,
Директорот на Институтот за акредитација (ИАРМ), Трпе Ристоски нагласи дека годинава се фокусирани на градежништвото.
- Изминатава година првпат Институтот акредитираше две сертификациски тела кои издаваат сертификат за градежни производи. Претходно во Македонија сите производители на градежни матeријали мораа во странство да ги праќаат нивните производи со цел да бидат сертифицирани, а сега е овозможено и нашите акредитирани тела да работат на тоа поле - рече Ристоски.
Според него животната средина е целосно опфатена, a институтот има десетина инспекциски тела од делот на животна средина и нивниот број постојано се зголемува.







На 06 јуни 2017 година на свеченост одржана во манастирскиот комплекс „Свети Наум“, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов ги врачи инженерските прстени на десетте најдобро дипломирани инженери од десет факултети на петте најдобро рангирани универзитети во Република Македонија. Прстените ги доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија според посебен правилник за Инженерски прстен.
На 20 мај 2017 година во Љубљана се одржа состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка каде делегација од Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваше на редовниот состанок во состав Проф. д-р Миле Димитровски, Проф. д-р Миле Станковски, Реџеп Асани, дипл.инж.арх и Д-р Гајур Кадриу.



