- Посети: 12347
Преседателот на Комората д-р Миле Димитровски, избран за потпретседател на ECEC (ноември 2018 до ноември 2021)
На 17 Ноември во Загреб, Република Хрватска се одржа 16 Генерално собрание на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), со седиште во Брисел.







На 15 ноември 2018 година, во просториите на Комората се одржа предавање насловено „Изложеност на АБ конструкции во современите урбани средини и сообраќајната инфраструктура, европски норми и практики за заштита на бетонските конструкции“. Теми на предавањето беа: Основни причинители на оштетувања на АБ конструкции и Материјали и системи за заштита на АБ конструкции.
Во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери на 9 ноември беше организиран настан со предавање на тема: Транспортно планирање за одржлива урбана мобилност во градовите. Предавач на овој настан беше м-р Горан Јовановиќ од АППИА ДОО Љубљана, Словенија.
Словенечката Инженерска комора го организира Светскиот градежен форум (WCF2019), кој ќе се одржи во Љубљана, Словенија, од 8 до 11 април 2019 година.



