Општина Аеродром објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки, со цел да се надмине проблемот со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.
Повеќе: Конкурс за изработка на идејни решенија за две градинки во Општина Аеродром