Институт за стандардизација на РСМ на својата веб страна објави јавна расправа за превод на македонски јазик на 39 европски стандарди од областа на Еврокодовите.
Ги повикуваме сите заинтересирани страни, доколку имаат свој коментар кон и во врска со преводот, да го дадат преку нашата веб страна.
Јавната расправа за ваши коментари ќе биде отворена до 01 Февруари 2024 година
Повеќе информации на линкот од веб страната







На 1 и 2 декември 2023 се одржа Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во величенствениот амбиент на Офицерскиот дом во Битола, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија под мотото „ Архитектот де факто визави архитектот де јуре.“
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година, доделува 4 годишни награди во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови. Наградите се именувани по проф. Борис Чипан, диплимиран инженер архитект; проф. д-р Александар - Цане Ангелов, дипломиран градежен инженер; проф. д-р Илија Черепналковски, дипломиран машински инженер и проф. д-р Станимир Јовановски, дипломиран електро инженер.
Во периодот од 2 – 3 Ноември 2023 година во Охрид се одржа Првата конференција за патна инфраструктура под наслов: „Искуства, Предизвици и перспективи“ во организација на Здружението за градежништво, градежни материјали и неметали при Стопанската комора, во присуство на највисокиот државен врв, заедно со претставници и експерти од научната фела, од државните институции и реномирани организации како што е Комората на архитекти и инженери на Република Северна Македонија. Официјални претставници на Комората на настанот беа претседателката на Комората м-р Кристинка Чулак, потпретседателот м-р Деjан Метикош и раководителката на одделението на градежни инженери проф.д-р Мери Цветковска.
Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје





