- Посети: 1197
Прва Испитна сесија за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови
Почитувани колеги архитекти, кандидати за идни планери,
Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во четврок на 22.12.2022 година ќе се одржи Првата Испитна сесија за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови.
Детали за пријавување за полагање на стручниот испит ќе бидат дадени во наредните неколку денови на веб страната на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на страната на Министерството за транспорт и врски, како и поединечно на вашата емаил адреса.
Со успех!
Повеќе: Прва Испитна сесија за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови







На 30-ти ноември 2022 година, во големата сала на Комора ОАИ, се одржa стручно предавање од компанијата Legrand. Присутните, во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ги поздрави Владе Гроздановски, раководител на Одделението на електро инженери.
На покана на Претседателката Ruth Schagemann на второто Годишно Собрание на АСЕ за 2022 година, што се одржа во Брисел на 24 и 25 ноември, присуствуваа Претседателката на КОАИ Кристинка Радевски и Раководителката на одделението на Архитекти Веселинка Герасимова-Петровска.
На седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, одржана во сабота на 19 ноември 2022 година во просториите на Комората, се донесе Ценовник за инженерски услуги во високоградба!





