- Посети: 1110
Гласник бр.46 на Инженерската комора на Србија
Во рамките на регионалната мрежа на инженерски коморi IIRS, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како членка на мрежата добива информации од другите членки и ги споделува со своите членови. Во рамките на оваа соработка, Инженерската комора на Србија го сподели последниот број од нивниот Гласник во кој има информации за актуелните случувања и трендови во фелата во Србија.








Во организација на Јадранскиот саем од 5 до 8 октомври 2022 година во Будва, Црна Гора, ќе се одржи 43-от Саем за градежништво. Вистинското место за да одговорите на новите потреби настанати по речиси целосниот прекин на трговијата поради пандемијата со вирусот Ковид 19 и желбите на клиентите од Црна Гора и регионот, да ја презентирате вашата понуда и можности и да ги убедите дека вашата компанија е таа на која можат да и ја дадат својата доверба.
Целта на оваа награда, како и на сите награди на Светската федерација на инженерски организации (WFEO), е да го насочи вниманието на светот кон улогата на инженерството во одржливиот развој.
Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора распиша меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на Центарот за прием на животни од списокот CITES и ЗОО градина со придружната контактна зона во Беране.





