На 15 ноември 2018 година, во просториите на Комората се одржа предавање насловено „Изложеност на АБ конструкции во современите урбани средини и сообраќајната инфраструктура, европски норми и практики за заштита на бетонските конструкции“. Теми на предавањето беа: Основни причинители на оштетувања на АБ конструкции и Материјали и системи за заштита на АБ конструкции.







Во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери на 9 ноември беше организиран настан со предавање на тема: Транспортно планирање за одржлива урбана мобилност во градовите. Предавач на овој настан беше м-р Горан Јовановиќ од АППИА ДОО Љубљана, Словенија.
Словенечката Инженерска комора го организира Светскиот градежен форум (WCF2019), кој ќе се одржи во Љубљана, Словенија, од 8 до 11 април 2019 година.
На 27 октомври (сабота) 2018 година, во просториите на Комората се одржа седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.





