26-то Генерално собрание на ECEC (European Council of Еngineers Chambers ) се одржа на 22 ноември 2024 година во Фрајштат, Австрија со широк спектар на дискусии, извештаи и информации.
Собранието беше изборно и се изврши избор на Претседател, генерален секретар, три потпретседатели и благајник. Изборот на Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак за Потпретседател на ЕЦЕЦ за мандатиот период 2025-2028 година е уште една потврда за позитивните политики на раководството на Комората и исклучителната посветеност и интегрираност кон современите текови на Европската Унија.







Комората како членка на ИКОМОС , ги пренесува темите од објавените информации за тековниот месец ноември 2024 година:
Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРСМ, е подготвен нов македонски национален стандард,"НМКС 1030 - Правила за примена на МКС EN 13670:2010 Изведување на бетонски конструкции".
Комората на архитектите на Црна Гора во периодот од 22-24 Ноември ги организира третите Денови на архитектурата со официјалната тема: LIMITLESS. Коорганизатори и партнери на настанот се Архитектонскиот факултет во Подгорица и Асоцијацијата на архитекти на Црна Гора.






