- Посети: 595
Втор отворен повик за програмата EmpoWomen
Во тек е вториот повик за програмата EmpoWomen кој е наменент за жени - претприемачи во deeptech.
EmpoWomen е двогодишна програма (2024-2025) финансирана од Европската Унија за истражување и иновации на Horizon Europe, чија цел е да се справи со недоволната застапеност на жените во секторот на напредна наука, инженерство и дизајн, особено во европските земји во развој.







- Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје -
На 2 и 3 октомври 2024 година (среда и четврток), со почеток во 11.00 часот во големата сала на Комората се одржa презентацијата на тема „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“. Настанот е организиран од Hoval Македонија, ново претставништво на меѓународната компанија Hoval од Лихтенштајн, специјализирано во технологијата за греење и климатизација.
Потпретседателот на Комората, Дејан Метикош присуствуваше на Свечена академија по повод 75 години Градежен факултет. Тој во своето обраќање пред присутните во име на сите членови на КОАИ го честиташе јубилејот – 75 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје.
На покана на Хрватската Комора на инженери по електротехника, на 16-ти Денови на електроинженери кои се одржуваат од 3 до 5 октомври 2024 година во Бол на островот Брач во Хрватска, присуствуваат Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак, раководителот на одделението за електроинженери Владе Гроздановски и заменик Претседавачот на Собранието на Комората Мицко Чадиноски.





