- Посети: 6008
Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ како гостин-предавач на ФДЕИОН при УАКС
На 7 април (петок) 2017 година, студентите кои следат настава по предметот Животна средина и одржлив развој на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, имаа можност да следат гостинско предавање од Претседателот на Комората на овластени овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, проф. д-р Миле Димитриовски.
Проф. Димитриовски одржа предавање на на тема: „Загадување на воздухот во градот Скопје“ како дел од наставната програма по предметот Животна средина и оржлив развој кај предметниот наставник, проф. д-р Зоран Шапуриќ.
Линк: http://www.uacs.edu.mk/home/претседателот-на-комората-на-овласте/претседателот-на-комората-на-овласте/







На 2 април 2017 година, претседателот на Комората, проф. д-р Миле Димитровски и претходниот претседател м-р Блашко Димитров, по покана на КИИП присуствуваа на Генералното Собрание на бугарската Комора на инженери за инвестициско проектирање. На Собранието на КИИП беа присутни околу 400 делегати, а претседателот Димитровски имаше свое кратко излагање за заедничките активности спроведени согласно потпишаниот Меморандум за соработка.
Здружението за брани (ЗМКГБ) организира стручна посета на брани и придружни објекти во Австрија во периодот 28.5 - 3.6.2017 година. Во прилог подолу можете да ги преземете деталните информации за уплата на аванс, прифатената понуда од агенцијата Савана и техничките податоци на објектите што ќе бидат посетени.



