Ве информираме дека е отворено онлајн пријавувањето за учество на 3тите Денови на електро инженери, кои ќе се одржат на 17 и 18 септември 2026 година во Holiday Inn, Скопје, во организација на Одделението за електротехника при Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Повеќе: Покана за регистрација на 3-ти Денови на електро инженери









Остануваат помалку од 3 недели!
Комората на овластени архитекти и овластени инженери продолжува да го зацврстува своето место како релевантна и влијателна професионална институција во регионот. Присуството на КОАИ во едно од најреномираните регионални стручни списанија од областа на инфраструктурата и инженерството претставува уште една потврда за растечкиот углед на Комората и за препознавањето на нејзината улога во развојот на инженерската професија.



