- Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје -
Во периодот од 11 до 13 септември 2024 година, во Атина, Грција, се одржа 7-миот Меѓународен Симпозиум на Работната група „Брани и земјотреси“ (WGDE) на Европскиот клуб (ЕC) на Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD). После многу успешните симпозиуми на WGDE-EC-ICOLD, каде што првиот се одржа во Saint Malo, Франција, на седмиот настан во Атина се собраа врвните експерти од оваа област за да ги презентираат најновите сознанија од дејството на земјотресите врз браните и да дискутираат за најзначајните предизвици поврзани со сеизмичката отпорност на бетонските и насипните брани.







На 2 и 3 октомври 2024 година (среда и четврток), со почеток во 11.00 часот во големата сала на Комората се одржa презентацијата на тема „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“. Настанот е организиран од Hoval Македонија, ново претставништво на меѓународната компанија Hoval од Лихтенштајн, специјализирано во технологијата за греење и климатизација.
Потпретседателот на Комората, Дејан Метикош присуствуваше на Свечена академија по повод 75 години Градежен факултет. Тој во своето обраќање пред присутните во име на сите членови на КОАИ го честиташе јубилејот – 75 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје.
На покана на Хрватската Комора на инженери по електротехника, на 16-ти Денови на електроинженери кои се одржуваат од 3 до 5 октомври 2024 година во Бол на островот Брач во Хрватска, присуствуваат Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак, раководителот на одделението за електроинженери Владе Гроздановски и заменик Претседавачот на Собранието на Комората Мицко Чадиноски.





