На покана на претседателката на Хрватската комора на градежни инженери (HKIG), Нина Дражин Ловрец, претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија (КОАИ), м-р Дејан Метикош, учествуваше на XX. Денови на Хрватската комора на градежни инженери (HKIG), кои се одржаа од 11 до 13 јуни 2026 година во Опатија, Република Хрватска.
Јубилејното дваесетто издание на настанот, обедини бројни претставници на инженерските комори, академската заедница, државните институции и експерти од областа на градежништвото и инфраструктурата. Програмата опфати теми од особено значење за инженерската професија, меѓу кои: имплементацијата на националниот план за станбена политика, законската регулатива во градежништвото и просторното планирање, јавните набавки во секторот градежништво, дигитализацијата и BIM-пристапот, примената на вештачката интелигенција во градежништвото, втората генерација на Еврокодовите, сеизмичкото инженерство, климатските промени, инфраструктурните проекти и современите инженерски практики.









На 11 јуни 2026 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери, успешно ја реализираше II-та сесија од напредната стручна обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: Дополнувања и појаснувања претставени во новите изданија на Црвената и Жолтата книга и разлики во управувањето при различни изданија на договори“.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во рамките на својата заложба за поддршка на младите професионалци и унапредување на архитектонската и инженерската дејност, за првпат е покровител на наградата за најуспешен магистерски труд за учебната 2024/2025 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) со особена чест за првпат беше покровител на доделувањето на наградата „Најдобар дипломиран студент на Градежниот факултет – Скопје“ за академската 2025/2026 година, која ѝ беше врачена на Ангела Јовческа, од студентска програма по градежништво.




