- Посети: 3665
Одржано предавањето на тема “Нови технологии и интеграција на безбедносните и сигурносните системи“
Денеска на 26.10.2017 година, во Комората се одржа презентација на тема „Нови технологии и интеграција на безбедносните и сигурносните системи“ од страна на фирмата Аларм аутоматика со предавачи од Македонија и Хрватска. Предавањето беше одлично структурирано од страна на предавачите каде на крај беа прикажани и примери на интеграција на големи објекти, а интерес за него покажаа околу 70 електро инженери. Настанот на крај заврши се пригоден коктел и меѓусебна дружба.